Градоначалникот Костадин Костадинов учествуваше на петтото издание на манифестација „Убави сме свои сме“, во организација на Здружението за помош и поддршка на лицата со даунов синдром „Вера“ од Струмица.
Го имав задоволството да бидам учесник-придружник на првото издание на „Убави сме, свои сме“, а еве тоа задоволство го имам и на ова јубилејно, петто издание на манифестацијата, која на задоволство на сите, а најмногу на оние на кои им е наменета, од година во година се повеќе добива на квалитет. Тоа што го прави Здружението „Вера“ го заслужуваат и лицата со даунов синдром, но и другите лица со попречености. Поради сево ова, Општина Струмица и јас како градоначалник, и во иднина ќе ја поддржуваме оваа манифестација, како и сите други слични активности, рече градоначалникот Костадинов.