Со денешниот Тримерски ручек завршија годинашните карневалски празнувања. Во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ беше поставена богата трпеза на традиционалните посни јадења, а настапија и Распеани струмичани.
На завршницата од карневалските празнувања, претседателот на Организациониот одбор на карневалот, Александар Цицимов, му го врати Клучот од градот на градоначалникот Костадин Костадинов.