Решение за свикување на седмата седница на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на седмата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08-1716/1, 08.03.2022 год.

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Решение за свикување седмата седница на Советот на општина Струмица 

Ја свикувам седмата седница на Советот на општина Струмица за ден 15.03.2022 година (вторник).

Седмата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 13,00 часот.

 

За работа на седницата предлагам:

I

Усвојување на записниците од 4, 5 и 6 седница на Советот на општина Струмица

II

Дневен ред

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за четвртиот квартал од 2021 година;
  2. Годишен извештај на Општина Струмица за 2021 година;
  3. Предлог – Завршна сметка на Буџетот на општина Струмица за 2021 година;
  4. Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица поврзани со спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската Унија за 2021 година;
  5. Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица  во областа на меѓународната соработка за 2021 година;
  6. Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој  и туризмот  во 2021 година;
  7. Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица за областа на социјалната  и детската заштита во 2021 година;
  8. Извештај за реализација на Програмата на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2021 година;
  9. Извештај за реализација на  Програмата  за активности  во областа на заштитата на  животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2021 година;
  10. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2021 година;
  11. Извештај за реализација на Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици  на територијата на Општина Струмица за 2021 година;
  12. Извештај за реализација на Програмата за урбанистички планови во Општина Струмица за 2021 година;
  13. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2021 година;
  14. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на образованието во 2021 година;
  15. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2021 година;
  16. Предлог –Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2022 година;
  17. Предлог –Одлука за спроведување на превентивна дезинсекција, дезинфекција и дератизација   на подрачјето на општина Струмица  за 2022 година;
  18. Предлог – Одлука за утврдување Нацрт план за измена и дополнување на ДУП за дел од урбан Блок 26, УЕ 9 во Струмица (плански период 2021-2026);
  19. Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација за спојување на ГП 20.28 и ГП20.29 ,со корекција на границите помеѓу ГП 20.29 и ГП 20.31, дел од Блок 20, УЕ 9 во Струмица;
  20. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на
    урбанистичко планска документација за проширување на плански
    опфат на КП бр.1, КО Свидовица;
  21. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за дел од КП бр.7902 и КП бр.7900, КО Струмица;
  22. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на КП бр. 1141 и КП бр. 1139/3 КО Водоча;
  23. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намена за КП 4659/1 и КП 6527/1 во КО Струмица;
  24. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за активностите на општина Струмица од областа на културата во 2022 година;
  25. Извештај за работата на Општиската јавна установа –Отворен граѓански универзитет „Јоска Свештарот“ за 2021 година;
  26. Извештај за работата на Дом за деца и млади „Благој Мучето“ Струмица, со финансиски извештај и завршна сметка за 2021 година;
  27. Извештај за работата на Локалната установа библиотека „Благој Јанков Мучето“ Струмица, со финансиски извештај и завршна сметка за 2021 година;
  28. Извештај за работата на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ за периодот од 01.01 2021 до 31.12.2021 година;
  29. Годишна сметка на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ за 2021 година;
  30. Одлука за распоредување на добивката остварена по годишната сметка за 2021 година на ЈП „Паркиралишта-Струмица“;
  31. Извештај за работата на ЈПЕД „Струмица гас“ за периодот од 01.01 2021 до 31.12.2021 година;
  32. Годишна сметка на ЈПЕД „Струмица – гас“ за 2021 година; и
  33. Одлука за распоредување на добивката остварена по годишната сметка за 2021 година на ЈПЕД „Струмица гас“.

Совет на општина Струмица

Претседател,

Марјан Даскаловски