Општина Струмица преку Одделението за ЛЕР набави ново специјализирано возило за собирање смет кое денеска од градоначалникот Костадин Костадинов му беше предадено на ЈПКД „Комуналец“.
Вредноста на возилото со капацитет од 16 метри кубни е 6.500.000 денари, а набавено е од Бирото за регионален развој.