Градоначалникот Костадинов на учениците им ја честиташе новата учебна година

Градоначалникот Костадинов на учениците им ја честиташе новата учебна година

Денеска во сите основни и средни училишта во општина Струмица, наставата започна успешно, на задоволство на сите ученици и наставници.

Градоначалникот Костадин Костадинов при посетата на ООУ „Сандо Масев“ на сите ученици од основното и средното образование од нашата општина им го честиташе почетокот на новата 2022/2023 година посакувајќи им успех во учењето, посебно на првачиња и ученици од прва година во трите средни училишта. Тој упати и порака до родителите: драги родители, секој еден од вас го посакува најдоброто за своето дете. Затоа, верувајте и вложувајте во нив, секој ваш влог е влог во нашата заедничка иднина.