Градоначалникот Костадин Костадинов денеска ги посети средните училишта „Јане Сандански“ и „Никола Карев“ кои организираа Отворени денови пред уписите во новата 2022/23 учебна година.
Тој ги поздрави нивните презентации на образовните профили и им порача да го одржуваат квалитетот во воспитно – образовниот процес затоа што тој е единствената гаранција за идни успешни генерации кои и се потребни на Струмица.