Се одржа десеттата седница на Советот на општина Струмица

Се одржа десеттата седница на Советот на општина Струмица

Денеска се одржа 10-та седница на Советот на општина Струмица со повеќе точки на дневниот ред од разни области.

Беше усвоен Кварталниот извештај на буџетот за првите три месеци во кој вкупните приходи имаат реализација од 20 проценти, а вкупните расходи 23, 62 проценти. Според градоначалникот Костадин Костадинов оваа реализација е солидна имајќи ја в предвид севкупната актуелна состојба.

Општина Струмица умее да го препознае потребното од непотребното, да направи селекција на релевантните потреби и да прави баланс помеѓу очекувањата и економската реалност, која во моментот и во светски рамки се соочува со криза поради различни фактори, рече градоначалникот Костадинов.

На седницата беа усвоени и предлог – буџетскиот календар за подготовка и донесување на Буџетот за 2023 година, измената и дополнувањето на годишниот план за вработување во општинската администрација, предлог –         одлуките за утврдување на висината на месечниот надоместок на претседателот и членовите на органите на ЈПЗБК „СТАЦИОНАР- ЛАНА“ Струмица именувани од Советот на општина Струмица, за ослободување од плаќање надомест  за утврдување на правен статус на бесправни верски објекти – џамија и минаре во Струмица, извешатаите за работата на ЈПЕД „Струмица – гас“ и ЈПКД „Комуналец“ во првите три месеци од годинава, годишните планови за вработување во основните училишта за 2023 година и повеќе предлог – одлуки од областа на урбанизмот.