Во кабинетот на градоначалникот Петар Јанков се одржа работна средба со претставници на Фудбалскиот клуб Тиверија, на која беа презентирани нивните планови и активности за претстојниот период.
На средбата се разговараше за одржувањето и можностите за подобрување на условите за тренинг на фудбалските терени со вештачка трева, како и за унапредување на вкупните услови за работа и развој на клубот.
Општина Струмица ќе продолжи активно да го поддржува спортот и сите иницијативи кои придонесуваат за развој на младите спортисти и промоција на позитивни вредности во заедницата.

