Врз основа на член 39 од Статутот на Општина Струмица (Службен гласник на Општина Струмица бр 5/06), Градоначалникот на Општина Струмица објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
До спортските здруженија и други правни лицаво областа на СПОРТОТ од Општина Струмица.
Јавниот повик е во рамките на програмата за спорт (L0) за распределба на средства од Буџетот на Општина Струмица за 2026 година.
Право на учество
– Како субјекти кои можат да конкурираат се сите спортски здруженија и други правни лица од областа на спортот.
– Субјектите мора да се формирани и да делуваат на територијата на Општина Струмица.
Основни критериуми кои треба да ги исполнуват здруженијата на граѓани и другите правни лица од областа на спортот кои учествуваат на овој повик се:
- го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;
- ја реализираат утврдената програма за развој на спортот;
- ги усогласуваат и координираат програмските активности на здруженијата;
- го организираат и спроведуваат системот на натпревари;
- се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;
- се грижат за унапредување на младите категории.
Потребна задолжителна документација која спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот треба да ја достават:
- Тековна состојба не постара од 3 месеца;
- Тековна Вистински сопственик не постар од 3 месеци;
- Решение за вршење на дејност спорт издадено од страна на Министерство за спорт или АМС;
- Годишна програма за работа, со детален буџет;
- Извештај за потрошените средства добиени од Општина Струмица за претходната година (наративен и со прилози (фискални сметки, фактури, банкарски изводи и тн) и други дополнителни докази за исполнување на условите согласно Методологијата за утврдување на критериумите за распределба на финансиски средства до спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот во Општина Струмица.
* Формулар за аплицирање (ПРИЈАВА) (ЛИНК) (Фудбал, кошарка, одбојка, ракомет) (ЛИНК) (останати спортови)
Рачно напишани пријави не се прифаќаат
Секој апликант кој ќе добие сума над 100.000 (сто илјади) денари дополнително ќе треба да достави наменска сметка која ќе се користи исклучиво за финансиски средства од Општина Струмица.
Пријавите со непотполна документација или по истекот на определниот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.
Рок и начин на доставување на пријавите: Јавниот повик трае 14 дена од 06.02.2026 до 25.02.2026 година. Крајниот рок за поднесување на пријавите е 25.02.2026 година (Среда) до 16 часот.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави препорачано преку пошта или лично на адреса:
На пликот треба да стои (НЕ ОТВАРАЈ) со назнака за LО (Спорт)
Во прилог линк скениран Јавен Повик:
Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат. Апликантите кои ќе дадат неточни податоци во формуларот за аплицирање (пријавата) и останатите документи ќе бидат одбиени без право да аплицираат во наредните 2 години.
Заведено под архивски број: 03 – 1048/1 од 06.02.2026 година

