Решение за свикување на третата седница на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на третата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08-7455/1, 23.11.2021год.

Врз основа на член 37 од Законот за локална самоуправа (“Сл. весник на РМ” бр. 5/2002) и член 3 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Решение за свикување на третата седница на Советот на општина Струмица

Ја свикувам третата седница на Совет на општина Струмица за ден 30.11.2021 година (вторник).

Третата седница на Советот на општина Струмица, ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица со почеток во 13,00 часот.

За работа на седницата предлагам:

I
Усвојување на записникот од втората седница на Советот на општина Струмица

II

Дневен ред

1. Предлог – План на програмите за развој за 2022 година;
2. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Струмица за 2021 година;
3. Предлог – Одлука за престанок на времено и давање на трајно користење на објект – Училишна спортска сала на ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица;
4. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Тинка Тилева од Струмица;
5. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Емилија Шопова од Струмица;
6. Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Мaкeдонија на подрачјето на општина Струмица за 2021/2022 година;
7. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2021 година
8. Извештај за работата на ОИК Струмица за оранизација и спроведување на Локалните избори на 17 октомври 2021 година, за периодот август – октомври 2021 година;
9. Предлог – Одлука за определување висината на надоместокот и начинот на исплата на изборните органи ангажирани за Локалните избори 2021 година на подрачјето на Општинска изборна комисија – Струмица;
10. Извештај за работењето на ЈПЕД „Струмица-гас“ од I – IX месец 2021 година;
11. Програма за работа на Општинска установа Дом за деца и млади „Благој Мучето“ за 2022 година;
12. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 738 КО Банско вон г.р. ;
13. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 3980 КО Муртино;
14. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 2770/1 КО Банско-вон-гр.;
15. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр.1572 КО Дабиља;
16. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр.5978 КО Вељуса и дел од КП.бр.5988 КО Вељуса;
17. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на на КП 2657 и КП 2658 во КО Дабиља;
18. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 2679 КО Банско;
19. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на
урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за дел од КП 7899 и дел од 7898/1, КО Струмица;
20. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на на КП 6307 во КО Вељуса;
21. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 2774/6 КО Банско вон г.р.;
22. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на КП бр. 7930 и КП бр. 6220/1 КО Струмица; и
23. Предлог – Одлука за донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 3656/1 КО Дабиља.

Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски