Се одржа првата седница на  Советот за развој на Југоисточниот плански регион

Се одржа првата седница на  Советот за развој на Југоисточниот плански регион

На иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов, денеска, се одржа првата (конститутивна) седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион на којашто беа верификувани мандатите на новоизбраните градоначалници на десетте општини на локалните избори коишто се одржаа минатиот месец.

Според градоначалникот Костадинов, во следните 4 години,  целта на Советот мора да биде рамномерен развој на сите општини во југоисточниот дел од државата подеднакво, а тоа ќе значи и поквалитетен живот за сите граѓани без разлика дали живеат во помалите или поголемите општини.