ЈПЗБК ,,Стационар-ЛАНА”
ЈПЗБК ,,Стационар-ЛАНА”
Јавното претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња Стационар-Лана е прифатилиште за бездомни и нерегистрирани кучиња, коешто располага со сопствена ветеринарна амбуланта за потребите на заловените кучиња и педесет индивидуални живеалишта од полуотворен тип.
Станува збор за современо, организирано и функционално засолниште за привремен престој на бездомните кучиња ,кадешто ќе им биде овозможен медицински третман и нега, кастрација/стерилизација,вакцинација и одбележување со микрочип.
ЈПЗБК Стационар-Лана е сопственост на Општина Струмица, којашто е единствена општина во државата која располага со сопствено прифатилиште и ресурси за хумано и ефективно решавање на проблемот со бездомните кучиња. Целта ни е секое напуштено куче да се спаси и рехабилитира, да биде третирано со почит и љубов и да си најде семејство и дом.
Спасување на бездомни кучиња
Секое бездомно куче се прифаќа со љубов и грижа за неговата благосостојба.
Маркирање на кучиња
Сите заловенибездомни кучиња се чипирани и се води евиденција за состојбата во која е најдено, третманот кој е спроведен и сите превземени мерки за него.
Пронаоѓање на нов дом
Нашата примарна задача е да најдеме нов дом за секоје бездомно куче.
Заловување на бездомни кучиња
На секоја пријава на забележано бездомно куче се приоѓа со сериозност и професионалност, а заловувањето го правиме на професионален хуман начин.
Контакт:
tel:+38978411177
info@lana.mkadminlana.mk