Градоначалникот Костадин Костадинов денеска беше на кафе средба во Европската куќа во Струмица. Со младите ангажирани во неа, а која што во изминатите осум месеци од отворањето е место од кое се реализираа повеќе настани и проекти,
разговараа на повеќе теми од областа на младите и нивното учество во локалните политики, а заеднички приоритет беше даден на Младинскиот културен центар.