Градоначалникот Костадинов одржа работна средба со министерката Шукова

Градоначалникот Костадинов одржа работна средба со министерката Шукова

Градоначалникот Костадинов одржа работна средба со министерката Шукова

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска одржа средба со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. На средбата разговараа за новите предизвици и решенијата за нив од областа на заштитата на животната средина.

Како Општина на која заштитата на животната средина и е приоритет и којашто забрзано ја развива својата европска урбана верзија, градоначалникот Костадинов ја информираше министерката Шукова за сите проекти кои се во фаза на реализација, меѓу кои е изградбата на велосипедски патеки, создавањето современа вело – инфраструктура во градот, селекцијата на отпад, а коишто го подобруваат квалитетот на животот и истовремено ја заштитуваат животната средина.

Во фокусот на разговорот беше воведувањето на целосен електричен, еколошки јавен превоз со што Струмица ќе биде прва Општина во државата со таков превоз, а за што се формира посебно јавно претпријатие „Струмица Транспорт“.

Министерката Шукова го поддржа овој проект, но и останатите активности на Општината за поголема заштита на животната средина.