Советот на општина Струмица ја одржа 22-та седница

Советот на општина Струмица ја одржа 22-та седница

На 22-ра седница на Советот беа усвоени повеќе предлог одлуки, стратегии,решенија, програми и извештаи кои го подобруваат работењето на општинските институции и јавните претпријатија.

Советниците изглсаа два важни стратешки документи какви што се Стратегијата за развој на образованието и Локалната стратегија за млади за периодот 2023 – 2027 година, а се потврди и учеството на општина Струмица во проектите „Превземи чекор – заштити ја животната средина“ и „Техничка документација за нови регионални проекти“.

Со усвојувањето на одлуката за издавање на гаранција за задолжување на ЈПКД „Комуналец“, Советот даде зелено светло за две фотонапонски централи кои со електрична енергија ќе ги обезбедуваат општинските институции, јавните претпријатија и јавното осветлување.

На денешната седница беа усвоени и предлог решенијата за именување на вршители на должност членови на Управниот одбор и Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈСП „Струмица – Транспорт“, висината на нивниот месечен надоместок, како и утврдувањето на вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и директорот на ЈОУДГ „Виножито“ Струмица за 2023 година. Утврдени се и висината на месечниот надоместок на претседателот и на членовите на Управниот одбор и ценовникот на услугите за корисниците на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“.

На дневен ред беа и усвоени се повеќе одлуки од областа на урбанизмот, извештаи од работата на општинските основни и средни училишта, годишниот извештај за спроведување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за 2022 година и извештајот за работењето на ЈПЗБК „Стационар-Лана“ Струмица за првите три месеци од оваа година.

На денешната седница беше донесено и решение за избор на Ѓорѓи Стојанов за командир на полициска станица од општа надлежност Струмица.