Решение за свикување на дваесет и втората седница на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на дваесет и втората седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица
Бр.08 – 3138/1
18.04.2023 год.
С т р у м и ц а

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Р е ш е н и е
за свикување на дваесет и втората седница на
Советот на општина Струмица

Ја свикувам дваесет и втората седница на Советот на општина Струмица за ден 25.04.2023 година (вторник).
Дваесет и втората седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.

За работата на седницата предлагам:

I

Усвојување на записникот од 21-та седница на Советот на општина Струмица
II

Д н е в е н  р е д

 

1. Предлог – Одлука за усвојување на Стратегија за развој на образованието на Општина Струмица за 2023-2027;
2. Предлог – Одлука за усвојување на Локална стратегија за млади на Општина Струмица 2023-2027;
3. Предлог – Одлука за учество на Општина Струмица по проект за „Превземи чекор – заштити ја животната средина“;
4. Предлог – Одлука за учество на Општина Струмица по проект за „Техничка документација за нови регионални проекти“;
5. Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за 2022 година;
6. Предлог – Одлука за издавање на гаранција за задолжување на ЈПКД „Комуналец“ Струмица;
7. Предлог – Решение за именување на вршители на должност членови на Управниот одбор на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица;
8. Предлог – Решение за именување на вршители на должност членови на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица;
9. Предлог – Одлука за утврдување на висината на месечниот надоместок на Претседателот и членовите на органите на управување на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица;
10. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и директорот на ЈОУДГ „Виножито“ Струмица за 2023 година;
11. Предлог – Одлука за утврдување на висината на месечниот надоместок на претседателот и на членовите на Управниот одбор на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ Струмица;
12. Ценовник на услугите за корисниците на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ Струмица;
13. Извештај за работењето на ЈПЗБК „Стационар-Лана“ Струмица за период 01.01.2023 – 31.03.2023 година;
14. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2023 година;
15. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2023 година;
16. Предлог – Одлука за недонесување на Измена и дополнување на Детален урбанистички план за Блок 8 (КП 108/2) КО Струмица, Општина Струмица (Плански период 2018-2023 година);
17. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на КП бр.7930, КО Струмица;
18. Предлог – Одлука за утврдување на неисполнети услови за донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намена за КП 5215/2 во КО Струмица;
19. Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација за промена на граници на ГП 59.18. II кон ГП 58.18. II, ГП 57.18. II, ГП 61.18. II и ГП 60.18. II,дел од ДУП за УБ18 во Струмица;
20. Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација за промена на граници на ГП 21.16 кон ГП 21.15 и ГП 21.17, -дел од УБ 21, во Струмица;
21. Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација за формирање градежна парцела со намена А2- Станбени згради на делови од КП 1704, 1705/1, 1705/2, 1706, 1707/1 и 1709/4 КО Струмица, општина Струмица;
22. Анекс на годишната програма за работа на СОУ „Никола Карев” Струмица во учебната 2022/2023 година;
23. Анекс на годишната програма за работа на СОУУД „Димитар Влахов” Струмица во учебната 2022/2023 година;
24. Годишна сметка со финансов извештај на СОУ „Никола Карев“ Струмица за 2022 година;
25. Годишна сметка со финансов извештај на СОУ „Јане Сандански“ Струмица за 2022 година;
26. Годишна сметка со финансов извештај на СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица за 2022 година;
27. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица за 2022 година;
28. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Видое Подгорец“ Струмица за 2022 година;
29. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Сандо Масев“ Струмица за 2022 година;
30. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Маршал Тито“ Струмица за 2022 година;
31. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ„Гоце Делчев“ Вељуса за 2022 година;
32. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ„Кирил и Методиј“ Дабиле за 2022 година;
33. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ„Маршал Тито” Муртино за 2022 година;
34. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Даме Груев” Куклиш за 2022 година;
35. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Герас Цунев” Просениново за 2022 година;
36. Годишна сметка со финансов извештај на ООМУ „Боро Џони” Струмица за 2022 година;
37. Измена на Годишен план за вработување за 2023 година на ООУ „Маршал Тито“ Муртино.

Совет на општина Струмица
Претсeдател,
Марjан Даскаловски