Градоначалникот Костадинов положи цвеќе пред спомен биста на народниот херој Димитар Влахов

Градоначалникот Костадинов положи цвеќе пред спомен биста на народниот херој Димитар Влахов

Градоначалникот Костадин Костадинов, денеска, присуствуваше на одбележувањето на патрониот празник на средното општинско училиште „Димитар Влахов“ и положи свежо цвеќе пред спомен бистата на овој народен херој.

Вклучувајќи се во одбележувањето на празникот, градоначалникот Костадинов ја потврди својата поддршка за успешно спроведување на воспитно – образовниот процес во училиштето и создавањето квалитетни стручни кадри барани на пазарот на трудот.