Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, посети дел од основните училишта во населените места

Home / Вести / Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, посети дел од основните училишта во населените места

Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, посети дел од основните училишта во населените места. Со извршените инфраструктурни зафати и набавката на нови нагледни средства, воспитно – образовниот систем во основните училишта „Гоце Делчев“ од Вељуса, „Герас Цунев“ од Просениково, „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиле, „Маршал Тито“ од Муртино и подрачното училиште во Банско, се одвива во соодветни услови. Градоначалникот Јаневски потврди дека Општина Струмица ќе продолжи со поддршката на училиштата за квалитетно образование на децата.