Зелениот финансиски инструмент обезбедува финансиска и стручна поддршка за домаќинствата во Северна Македонија со цел подобрување на енергетската ефикасност, намалување на трошоците за енергија и придонес кон подобар квалитет на воздухот.

Програмата е наменета за недоволно опслужени физички лица и домаќинства, вклучително:
- млади лица на возраст од 18 до 35 години,
- жени како единствен или главен носител на приход,
- домаќинства со еден приход,
- домаќинства со три или повеќе деца,
- Роми / ромски домаќинства,
- самохрани родители,
- домаќинства со лица со попреченост,
- повратници од странство,
- приматели на дознаки од странство,
Во рамки на програмата е обезбедена бесплатна техничка помош од тим на консултанти, која вклучува советување при избор на технологија, подготовка на документација и поддршка при аплицирање:
Тел: 075/241-664

ВО ПРИЛОГ ЛИНК ОД Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба против климатските промени во Северна Македонија
ВО ПРИЛОГ ЛИНК ОД ЗАЕДНИЧКА ПРОГРАМА: Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба против климатските промени во Северна Македонија

