Се уредува детското игралиштето на улицата „Моша Пијаде“

Се уредува детското игралиштето на улицата „Моша Пијаде“

Денеска се бетонираше платформата на детското игралиште на улицата „Моша Пијаде“ или популарно наречено Шпики.

На платформата ќе биде поставена нова комбинирана играчка која ќе им овозможи на децата повеќе видови игри на децата од овој дел на градот. Покрај бетонирањето на платформата ќе се изврши и опремување на просторот во и околу игралиштето.