Според планираната динамика се спроведува градежната офанзива во градот. Денеска нов асфалтен слој се става на улицата „Цветан Димов“ на потегот од булеварот „Ленинова“ до улицата „бр.4 – Парк“.
Како и претходните денови, на лице место беше и градоначалникот Костадин Костадинов за да поттикне почитување на договорените рокови за изведување на градежните активности. Улицата ќе биде затворена за сообраќај до 16 часот.