Забранет е сообраќајот за тешки товарни возила на улицата „Цветан Димов“

Забранет е сообраќајот за тешки товарни возила на улицата „Цветан Димов“

Денеска се асфалтираше улицата „Цветан Димов“ на потегот од  булеварот „Ленинова“ до улицата „бр.4 – Парк“. Во наредните три дена се забранува движењето на тешки товарни возила на оваа улица. Во деновите на забрана, тешкиот товарен сообраќај се пренасочува од улицата „11-ти Октомври“, преку улицата „Кирил Динков“ позади „Грозд“ кон улицата „Цветан Димов“. Апелираме за разбирање и почитување на оваа времена мерка.