Денес градоначалникот Костадин Костадинов беше во посета на Општинската организација на Црвен крст – Струмица

 Денес градоначалникот Костадин Костадинов беше во посета на Општинската организација на Црвен крст – Струмица

Денес градоначалникот Костадин Костадинов беше во посета на Општинската организација на Црвен крст – Струмица, при што имаше средба со секретарката на струмичкиот Црвен крст Маријана Тошева.  На средбата беше разговарано за реализираните, тековните и идните активности на организацијата.

Градоначалникот беше информиран за социјалното претприемништво, формирањето тимови за одговор на кризи и катастрофи и за стратегијата за психо-социјална поддршка како планирани ангажмани на струмичкиот Црвен крст во наредниот период, а стана збор и за потребите на организацијата кои се нужни за реализација на поголем број активности. Во таа смисла бееше договорена посепфатна соработка помеѓу Општината и струмичкиот Црвен крст, преку соодветна помош и поддршка во делот на зголемување на капацитетот и обемот на активности.