Вечерва во струмичката Градска галерија, беше промовирана книгата „Грозен бој се почна горе на Балкано“

Вечерва во струмичката Градска галерија, беше промовирана книгата „Грозен бој се почна горе на Балкано“

Вечерва во струмичката Градска галерија, беше промовирана книгата „Грозен бој се почна горе на Балкано“ – македонски народни песни од Струмица и Струмичко од познатиот струмички и македонски фолклорист Иван Котев.

Овој културен настан се случи во рамките на Програмата на Општина Струмица за одбележување на 11. Декември – Денот на заштитниците на Струмица, Свети петнаесет тивериополски свештеномаченици, а чиј носител беше Друштвото за наука, литература, култура и уметност „Иван Василевски“ од Струмица. Настаните од празничната програма продолжуваат и во наредните денови.