Вечерва градоначалникот Костадин Костадинов присуствуваше во струмичката Градска галерија, на промоцијата на новиот двоброј на списанието „Зенит“

Вечерва градоначалникот Костадин Костадинов присуствуваше во струмичката Градска галерија, на промоцијата на новиот двоброј на списанието „Зенит“

Вечерва градоначалникот Костадин Костадинов присуствуваше во струмичката Градска галерија, на промоцијата на новиот двоброј на списанието „Зенит“, на Друштвото за наука, литература, култура и уметност „Иван Василевски“ од Струмица, а во рамките на Програмата на Општина Струмица за одбележување на 11. Декември, Денот на заштитниците на нашиот град – Св. Петнаесет тивериополски свештенемаченици.

Градоначалникот Костадинов имаше и свое обраќање на промоцијата, во кое изрази позитивни импресии од списанието „Зенит“, честитајќи им на уредниците и членовите на Друштвото „Иван Василевски“ за новиот двоброј (6-7) кој е посветен на Блаже Конески, по повод 100 – годишнината од неговото раѓање. Притоа градоначалникот истакна дека Општина Струмица и во иднина ќе го помага излегувањето на „Зенит“.