Денеска се асфалтира улицата „Цветан Димов“

Денеска се асфалтира улицата „Цветан Димов“

Според планираната динамика се спроведува градежната офанзива во градот. Денеска нов асфалтен слој се става на улицата „Цветан Димов“ на потегот од   булеварот „Ленинова“ до улицата „бр.4 – Парк“.

Како и претходните денови, на лице место беше и градоначалникот Костадин Костадинов за да поттикне почитување на договорените рокови за изведување на градежните активности. Улицата ќе биде затворена за сообраќај до 16 часот.