На иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов и оваа година буџетот на општина Струмица за 2023 година ќе се крои заедно со граѓаните преку одржување на Јавните собири во градот и населените места.
Синоќа во Домот на АРМ се одржа Јавен собир со граѓаните од осумтте урбани заедници во градот на кој присуствуваа градоначалникот Костадинов, членови на Советот и претставници на јавните претпријатија и општинската администрација. На собирот се разговараше за сработеното во оваа година, актуелните проблеми и се утврдуваа приоритетните проекти за новата буџетска година. По 2 дена Јавните собири продолжуваат во населените места.