Започна исплатата на помошта за штетата во пожарот во „Глобал“

Започна исплатата на помошта за штетата во пожарот во „Глобал“

Општина Струмица и Владата на Република Северна Македонија не ги остави сами и не ги заборави сопствениците на дуќани и тезги кои беа зафатени во големиот пожарво „Глобал“ на 2 јануари 2021 година. Градоначалникот Костадин Костадинов најави дека од денеска започна исплатата на помошта од Владата на Република Северна Македонија. Педесет правни и 20 физички лица ќе добијат по 20 проценти или вкупно 13 милиони денари. Општина Струмица и финансиски и со други активности во рамките на нејзините надлежности, помагаше во санирањето на последиците и обновувањето на опожарениот дел на Глобал. Се надевам дека овие средства ќе бидат од помош и НИКОГАШ повеќе да не се повтори, објави градоначалникот Костадинов.