Целта на овој извештај е да изврши идентификација и анализа на влијанијата врз животната средина од имплементацијата на предвидениот плански документ уште во фазата на неговата подготовка и да предвиди соодветни мерки за спречување и контрола на влијанијата. Изработката на извештајот е согласно обврската на изготвувачот на планскиот документ за спроведување на постапка за оцена на влијанието од планскиот документ врз животната средина и врз животот и здравјето на луѓето, дадена во глава X (Оцена на влијанието на определени стратегии, планови и програми врз животната средина) од Законот за животна средина.
Согласно точка 13 (Планирање на просторот и користење на земјиштето), член 3 од Уредбата за стратегии, планови програми, вклучувајќи и нивните промени, за кои задолжително се спроведува постапка за оцена на нивното влијание врз животната средина и врз животот и здравјето на луѓето , Нацрт извештај за Стратегиска оцена на животната средина за постапката за носење на Генерален урбанистички план за град Струмица , Општина Струмица, е плански документ за кој задолжително се врши стратегиска оцена на животната средина.Целта на овој извештај е да изврши идентификација и анализа на влијанијата врз животната средина од имплементацијата на предвидениот плански документ уште во фазата на неговата подготовка и да предвиди соодветни мерки за спречување и контрола на влијанијата.
Извештајот е изработен согласно содржината на извештајот пропишана во Уредбата за содржина на извештајот за стратегиска оцена на животната средина (Сл. весник на РМ бр.153 од 20.12.2007 год.).
Градоначалникот на општина Струмица ја информира заинтересираната јавност дека сите потребни информации за Нацрт извештај за Стратегиска оцена на животната средина за постапката за носење на Генерален урбанистички план за град Струмица , Општина Струмица ќе бидат достапни во: