Градоначалникот Костадинов на првачињата им ја подари претставата „Пат околу светот“

Градоначалникот Костадинов на првачињата им ја подари претставата „Пат околу светот“

Денес во НУЦК „Антон Панов“, по иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов, се одржа настан посветен на првачињата од струмичките основни училишта кои на 1 септември за првпат го пречекорија училишниот праг. Специјално за нив беше изведена театарската претстава „Пат околу светот“, на која и претходеше обраќање на градоначалникот Костадинов, со кое на првачињата им посака успех во совладувањето на знаења и вештини.

Во своето обраќање пред струмичките првоодделенци градоначалникот Костадинов меѓу другото истакна: „Кога јас бев првооделенец бев исклучително горд, среќен и желен за нови знаења. Бидете такви и вие. Бидете послушни и вредни во совладувањето на нови знаења , бидете позитивни и со задоволство ширете го другарството меѓу вас, оти другарството е едно големо и непроценливо богатство. Само така ќе успеете да чекорите по вашиот вистинскиот пат во образованието. Само така ќе успеете да станете луѓе за пример и почит“.