Континуиранато збогатување и осовременување на возно-техничкиот парк на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, наменет за одржување на чистотата на јавните простори во општина Струмица, продолжува со несмален интензитет. Од денес овој „парк“ е збогатен со нова електрична метларка со современа техничка спецификација.
Електричната метларка е наменета за потребите на селото Габрово и Габровските водопади, односно за одржување на јавната хигиена на тој дел од општина Струмица. Набавката на метларката на електричен погон, е резултат на склучениот договор помеѓу Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој и Општина Струмица.
Градоначалникот Костадин Костадинов најавува дека ангажманите околу зголемувањето на возно-техничките капацитети на ЈПКД „Комуналец“ ќе продолжат и во наредниот период.

