Одржана 38-та седница на Совет на Општина Струмица

Одржана 38-та седница на Совет на Општина Струмица
Денес во Домот на АРМ се одржа 38 седница на Советот на општина Струмица. И покрај тоа што советниците одлучуваа по 35 точки од дневниот ред, седницата заврши во кус временски период, поради тоа што сите точки беа усвоени без дискусии.
На седницата, покрај другото, беше донесена одлука за изработка и спроведување на прекуграничен партнерски проект „Берово – Струмица – Петрич – Сандански – Струмјани“ под наслов „Low-Carbon Infinity Trail“ (LIFT), беа усвени предлог-одлуките за утврдување режим на сообраќај на три позиции во општината, а „зелено светло“ доби и извештајот од проценката на штета од природна непогода (поплава и силен ветар) на подрачјето на општина Струмица, од 5 јули 2023 г.
Значајно е да се спомене и усвојувањето на извештаите за работа на ЈП „Паркиралишта Струмица“ и ЈПЕД „Струмица-Гас“ за првото тримесечие од 2024 година.