Подготовката на План за управување со отпад на територијата на општина Струмица за Oпштина Струмица како еден од стратешките плански документ е иницирана од граѓаните за чиста и здрава средина и обврска. Ние како Општина се стремиме кон унапредување на заштитата на животната средина согласно законските регулативи: Закон за животна средина, Закон за отпад и Управување со посебни текови на отпад на Република Северна Македонија.
Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Службен Весник на Р.М.” бр.05/02), се со цел за остварување на целите и имплементација на активностите предвидени во програмата за активностите во областа на заштита на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2023 година бр.08.10385/1 од 30.12.2023 година објавена во Службен гласник бр.19/22 на Општина Струмица како и нашата цел унапредување на политиките и плановите поврзани со Заштита на животната средина Општина Струмица, изработи план за управување со отпад за 2024-2029 година.
КЛИКНЕТЕ ЗА ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ДОКУМЕНТ