Советот на општина Струмица ја одржа својата 25 седница

Советот на општина Струмица ја одржа својата 25 седница
Денес Советот на општина Струмица ја одржа својата 25 седница, на која предмет на расправа и одлучување беа 15 точки од дневниот ред.
Советниците со мнозинство гласови, покрај другите, донесоа пет важни одлуки од областа на урбанизмот, ги изгласаа извештаите за работата на ЈПЕД „Струмица гас“ и на ЈПКД „Комуналец“ за првото тримесечје од годината, а беше усвоен и Статут на Јавното сообраќајно претпријатие „Струмица – Транспорт“.
На седницата присуствуваше и градоначалникот Костадин Костадинов кој дискутираше по одредени точки од дневниот ред, а при крајот од седницата изрази јавно задоволство од спроведувањето на демократските принципи во работата на Советот.