Претставници од општина Струмица на завршен настан од проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“

Претставници од општина Струмица на завршен настан од проектот  „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“

Со музички изведби, изложбени паноа и панел дискусија за дванаесет годишните активности од проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“, во Скопје се реализираше завршен настан, на кој со наставниците од трите проектни основни училишта од Струмица, присуствуваа и претставници од опшптина Струмица. Овој проект беше поддржан од Детската Фондација Песталоци од Швајцарија, а се  спроведуваше од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје.

Во изминатите дванаесет години, општина Струмица со општинските основни училишта „Маршал Тито“ од Струмица, „Никола Вапцаров“ од Струмица и „Маршал Тито“ од Муртино,  како дел од 27 основни училишта од девет општини низ државата, работеа на процесите за зајакнување на меѓуетничката кохезија во училиштата и мултиетничката соработка во општините. Во проектот од сите 27 училишта, учество зедоа 55.167 ученици, со активности во заеднички интеркултурни активности и редовни и заеднички часови, а повеќе од 7.130 наставници учествуваа во различни редовни и воннаставни активности, зајакнувајќи ги своите интеркултурни компетенции. Во овој процес, општина Струмица преку своите стратешки определби создаваше поттикнувачка средина за унапредување и јакнење на меѓуетничката интеграција и интеркултурното образование, со логистичка и финансиска поддршка, за секое општинско училиште со 15.000 денари за една учебна година. За интеркултурната размена во Детското село Песталоци во Троген Швајцарија, општина Струмица обезбедуваше финансиска поддршка со околу 300.000 денари за превоз на учениците и менторите, кои во овој период од 12 години реализираа 5 посети. На завршниот настан присуствуваа и бивши ученици, учесници во интеркултурната размена, во 2012 и 2015 година.  Општина Струмица, како одговорна локална самоуправа и основач на основните и средните училишта, дава поддршка во сите заеднички планирани проекти, кои допринесуваат за вклученост во интеркултурното образование и меѓуетничката интеграција во образованието.