Реализирана работна средба на Градоначалникот Костадин Костадинов со директорот на ЈП “Паркиралишта Струмица“ Г‐дин Митко Бујуклиев на која беше разговарано за тековните активности, актуелните задачи и отворените прашања кои се во доменот на дејноста на ова струмичко јавно претпријатие. Сериозен акцент е ставен на неколку приоритетни точки кои директно влијаат на секојдневното функционирање на градот.
1. Спроведувањето на зонското паркирање во пракса
2. Непрописно паркирање
3. Паркинг капацитети во градот
4. Хигиената и тековното одржување на паркинг капацитетите
Согласно надлежностите, Градоначалникот Костадинов од Директорот Митко Бујуклиев побара детални информации и статус со горенаведените теми, сé со цел разработка на акционен план за третман на овие точки во најкус можен рок.