Започна ставањето втор слој асфалт на 8 улици во градот

Започна ставањето втор слој асфалт на 8 улици во градот

Зборот е збор. Градежната офанзива започнува со улицата „Ценка Павлова“. А каде што се работи, таму е и градоначалникот Костадин Костадинов. Со своите соработници, беше на лице место да го види стартот, но и да ги охрабри и поттикне изведувачите за брзо и квалитетно асфалтирање на планираните улици.

Вкупно 8 улици се опфатени во овој прв дел од градежната офанзива со вкупна површина од 11.500 метри квадратни. Паралелно со изведувањето на овој градежен зафат, веќе се планираат и следните активности, како во градот така и во населените места. Градоначалникот и службите на општина Струмица, работат со полна пареа, во интерес на граѓаните и за новиот лик на Општината.