Решение за свикување на петтата седница на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на петтата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр. 08- 261/1 14.01.2022год.

Врз основа на член 37 од Законот за локална самоуправа (“Сл. весник на РМ” бр. 5/2002) и член 3 Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Решение за свикување на петтата седница на Советот на општина Струмица

Ја свикувам петтата седница на Совет на општина Струмица за ден 21.01.2022 година (петок).

Петтата седница на Советот на општина Струмица, ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица со почеток во 11,00 часот.

За работа на седницата го предлагам следниот:

Дневен ред

1. Предлог – план за запишување на ученици во I година во Средните општински училишта во Општина Струмица во учебната 2022/2023 година;
2. Предлог-Измена на Годишниот план за вработување во Општинската администација на Општина Струмица за 2022 година;
3. Предлог-Одлука за давање согласност за обезбедени финасиски средства за пополнување на работни места согласно Измената на Годишниот план за вработување за 2022 година на Општина Струмица;
4. Предлог – Одлука за основање на јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња;
5. Информација за состојбата со јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Струмица за периодот 01.07 2021 година – 31.12.2021 година;
6. Извештај за работата на Територијалната професионална противпожарна единица – Струмица за 2021 година;
7. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2022 година;
8. Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 20.15 и ГП 20.16 од Измена и дополнување на ДУП за дел од блок 20 УЕ 9 во Струмица, Општина Струмица;
9. Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација ГП 1.2-3.1, ГП 1.2-3.2, ГП 1.2-3.3 и ГП 1.2-3.4.1 од УПВНМ повеќенаменска индустриска зона КО Сачево и КО Градско Балдовци, Општина Струмица;
10. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на КП бр. 238/3 КО Попчево вон г.р.;
11. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на КП бр. 1002 КО Попчево;

12. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на КП бр. 1876 КО Габрово;
13. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на КП бр. 1875 КО Габрово;
14. Предлог – Одлука за донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 2716 КО Банско вон г.р.;
15. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на КП бр. 3975 КО Муртино вон г.р.

16. Предлог – Решение за разрешување и именување членови во Локалниот економско – социјален совет на Општина Струмица;
17. Предлог- Решение за разрешување и именување претседател и членови на Одборот за подигање на спомен-обележја;
18. Предлог –Решение за разрешување и избор на претседател и членови на Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи;

19. Извештај за работа на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за период I- IX месец 2021 година;
20. Програма за работа на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2022 година;
21. Одлука за изменување и дополнување на Статутот на ЈПКД „Комуналец“ Струмица;
22. Одлука за паушално фактурирање за корисници кои имаат неисправен водомер, закочен водомер или немаат водомер на ЈПКД „Комуналец“ Струмица; и
23. Одлука за усвојување Ценовник за вршење на работи на ЈПКД „Комуналец“ Струмица во 2022 година.

Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски