Решение за свикување на триесет и шестата седница  на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на триесет и шестата седница  на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица

Бр.08 -2421/1

09.04.2024 год.

С т р у м и ц а

 

 

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 

Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување на триесет и шестата седница  на

Советот на општина Струмица

 

Ја свикувам триесет и шестата седница на Советот на општина Струмица за ден 16.04.2024 година (вторник).

 

Триесет и шестата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

 

 

I За работата на седницата го предлагам следниот:

 

Д н е в е н   р е д

 

  1. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Струмица за 2024 година;
  2. Предлог – Одлука за определување на крајбрежен појас на регулиран водотек река „ДОЛГАТА СКАЛА“  и река „ШЕПКОВИЦА“  во с. Вељуса – Општина Струмица, опфатен со Урбанистички план за село Вељуса, КО Вељуса, Општина Струмица;
  3. Предлог – Одлука за определување на крајбрежен појас на регулиран водотек КАНАЛ 1 во с.Баница – Општина Струмица, опфатен со Урбанистички план за село Баница, КО Баница Општина Струмица;
  4. Предлог –  Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација  за промена на граници помеѓу градежни парцели со КП бр.1991 и КП 1992 КО Струмица, Општина Струмица;
  5. Предлог –  Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП49.5.I, ГП51.5.I, и ГП52.5.I, од ДУП за Блок 3 и 5, општина Струмица;
  6. Годишна сметка за работењето на ЈСП „СТРУМИЦА-ТРАНСПОРТ“ Струмица;
  7. Одлука за промена на седиште на ЈСП „СТРУМИЦА-ТРАНСПОРТ“ Струмица;
  8. Статутарна одлука за измена на Статутот на ЈСП „СТРУМИЦА-ТРАНСПОРТ“ Струмица;
  9. Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на  Југоисточниот плански регион за 2023 година;
  10. Годишна сметка со финансов извештај на СОУ „Никола Карев“ Струмица за 2023 година;
  11. Годишна сметка со финансов извештај на СОУ „Јане Сандански“ Струмица за 2023 година;
  12. Годишна сметка со финансов извештај на СОУУД „Димитар Влахов“   Струмица за 2023 година;
  13. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица за 2023 година;
  14. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Видое Подгорец“ Струмица за 2023 година;
  15. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Сандо Масев“ Струмица за 2023 година;
  16. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Маршал Тито“ Струмица за 2023 година;
  17. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ„Гоце Делчев“ Вељуса за 2022 година;
  18. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ„Кирил и Методиј“ Дабиле  за 2023 година;
  19. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ„Маршал Тито” Муртино за 2023 година;
  20. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Даме Груев” Куклиш  за 2023 година;
  21. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Герас Цунев” Просениново за 2023 година;
  22. Годишна сметка со финансов извештај на ООМУ „Боро Џони” Струмица за 2023 година.

 

 

 

                                                                   Совет на општина Струмица

          Претсeдател,

        Марjан Даскаловски