Советот на општина Струмица ја одржа својата 36 седница

Советот на општина Струмица ја одржа својата 36 седница
Денес Советот на општина Струмица ја одржа својата 36 седница, на која советниците расправаа и одлучуваа по 22 точки од дневниот ред.
Покрај усвојувањето на програмата за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2024 година, на дневен ред беа уште четири точки од областа на урбанизмот, меѓу кои и оние кои се однесуваа на определување крајбрежни појаси на водотеци во населените места Вељуса и Баница.
Со мнозинство гласови поминаа и трите точки од дневниот ред кои се однесуваа на ЈСП „Струмица – Транспорт“, и тоа: годишната сметка, одлуката за промена на седиштето, како и одлуката за измена на Статутот на претпријатието, а беше усвоен и годишниот извештај за спроведување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за 2023 година.
На 36 седница на Советот на општина Струмица беа усвоени и годишните сметки со финансиските извештаи на сите основни и средни училишта во општината.