Совет на општина Струмица, Бр.08-6410/1, 05.11.2020 год.
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:
Решение за свикување четириесет и првата седница на Советот на општина Струмица
Ја свикувам четириесет и првата на Советот на општина Струмица за ден 12.11.2020 година ( четврток).
Четириесет и првата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата го предлагам следниот :
Д н е в е н р е д
- Предлог – Решение за избор на командир на Полициската станица од општа надлежност во Струмица;
- Предлог – План на програмите за развој;
- Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на општина Струмица за 2020 година;
- Предлог – Одлука за давање на согласност за издавање под закуп на објекти во сопственост на општина Струмица;
- Предлог – Одлука за основање на заедничко јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња;
- Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од блок 37, УЕ 5, во град Струмица (плански период 2019-2024);
- Програма за работа на Отворениот граѓански универзитет „Јоска Свештарот“ Струмица за 2021 година;
- Извештај за работата на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ за периодот од 01. 01.2020 до 30.09.2020 година;
- Програма за измена и дополнување на Програмата за работа на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ за 2020 година; и
- Одлука за престанување на Одлуката за одобрување на бесплатно користење на резервирани паркинг места од ЈП „Паркиралишта-Струмица“.
Совет на општина Струмица
Претсeдател,
Марjан Даскаловски