Во тек се градежни активности во дел од основните училишта 

Во тек се градежни активности во дел од основните училишта 

Општина Струмица ги реализира планираните инвестиции од Програмата за образование за оваа година и ги подобрува условите за воспитно – образовниот процес во училиштата. Во ООУ „Сандо Масев“ во Струмица се врши реконструкција на дел од покривот, односно, на спортската сала со соблекувалните и преден дел на училиштето. Реконструкцијата опфаќа демонтажа и замена на дотраениот од салонид покрив со поставување панел сендвич и вертикални и хоризонтални олуци.

Во ООУ „Даме Груев“ во Куклиш се поставува термоизолациона фасада на стариот дел од училиштето. Во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ во Дабиле се обезбедени 4 смарт табли и 10 компјутери.