Совет на општина Струмица, Бр.08 – 3078 /1, 26.05.2021 год.
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:
Решение за свикување на четириесет и седмата седница на Советот на општина Струмица
Ја свикувам четириесет и седмата седница на Советот на општина Струмица за ден 02.06.2021 година (среда).
Четириесет и седмата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 13,00 часот.
За работа на седницата го предлагам следниот:
Дневен ред
- Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на општина Струмица за првиот квартал од 2021 година;
- Предлог – одлука за измена и дополнување на Буџетот на општина Струмица за 2021 година;
- Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Струмица за 2021 година;
- Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2021 година;
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за активности во областа на заштитата на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2021 годинa;
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата одржување на јавната чистота на подрачјето на Општина Струмица за 2021 година;
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2021 година;
- Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2021 година;
- Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2021 година;
- Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на образованието во 2021 година;
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на општина Струмица за областа на социјалната и детската заштита во 2021 година;
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2021 година;
- Предлог- Одлука за доделување парична помош на Перо Мерков од Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од кофинансирање на проекти на ГОи во рамките на јавни повици организирани преку РеЛОад2 проектот (Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан 2);
- Предлог-Одлука за спроведување на превентивна дезинсекција, дезинфекција и дератизација на подрачјето на општина Струмица за 2021 година;
- Предлог – Одлука за донесување на Програма за изградба на спортска сала на КП бр. 1276 КО Струмица, за потребите на СОУ „Сане Сандански“ Струмица;
- Предлог-Одлука за измена на режимот на сообраќај на крстосница на ул. „Братство Единство“ со ул. „Климент Охидски“ во Струмица
- Предлог-Заклучок за утврдување Нацрт план за ДУП за блок 12, УЕ 2 во Струмица;
- Барање согласност за прием на поголем број деца од капацитетот во клоновите на ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица;
- Извештај за работењето на ЈПЕД „Струмица-гас“ Струмица за периодот од 01.01. до 31.03.2021 година;
- Извештај за работењето на ЈП „Парткиралишта-Струмица“ Струмица, за периодот од 01.01. до 31.03.2021 година;
- Програма за измена и дополнување на Програмата за работа ЈП „Парткиралишта-Струмица“ Струмица за 2021 година; и
- Извештај за работа на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за период 1 месец- 03 месец 2021 година.
Претседател,
Марјан Даскаловски