Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод Денот на Сесловенските просветители

Почитувани сограѓани,

Денес одбележуваме голем празник. Денес ги чествуваме Сесловенските просветители – солунските браќа Св. Кирил и Методиј.Тоа се Апостолите кои ја изумиле глаголицата како писмо-темелник врз кој е „изградена“ кирилицата од страна на нивните ученици. Тоа се вредните мисионери кои во 9. век ги ширеле христијанството и писменоста меѓу Словените од Голема Моравија и Панонија, а како резултат на таа нивна мисија и на сите нивни дела, денес се слават како заштитници на Европа.

Треба со гордост и достоинство да ги славиме нивните животи и дела, бидејќи Св.Кирил и Методиј се сејачите од кои ги береме плодовите на нашата писменост.

Нека ни е честит и вековит 24. Мај – Денот на Сесловенските просветители, Свети Кирил и Методиј.