Советот ја одржа 47-та седница

Членовите на Советот на општина Струмица денеска ја одржа 47-та седница.На седницата беше усвоен кварталниот извештај за извршувањето на Буџетот на општина Струмица за првиот   квартал од  2021 година.

Во образложението пред советниците, градоначалникот Коста Јаневски информираше дека во првите три месеци од 2021 година, вкупните приходи во Буџетот на општина Струмица од планираните 1.191.306.556 денари се реализирани 298.762.124 или 25 проценти.

Вкупните приходи ги сочинуваат: основниот буџет кој е реализиран со 121.417.039 денари или 27 проценти во однос на планираното, наменските дотации кои се реализирани во износ од 146.854.549 денари или 25 проценти од планираното, самофинансирачките активности реализирани во износ од 4.055.414 денари или 11 проценти од планираното, донациите кај кои реализацијата е во износ од 2.145.625 денари или 5 проценти од планираните 44.106.500 денари и во делот на кредити реализацијата е 24.289.497 денари во однос на планираните 65.000.000 денари, односно, 38 проценти.

Минатата година, процентот на реализација на приходите во првиот квартал од 2020 година бил 18 проценти на вкупните приходи во Буџетот, а кај основниот буџет процентот на реализираните изворни приходи бил 13 проценти во однос на планираните приходи за 2020 година.

На оваа седница беа усвоени и предлог одлуката за измена и дополнување на Буџетот на општина Струмица за  2021 година, како и измените и дополнувањата на општинските програми. Зелено светло добија и извештаите за работа на јавните претпријатија „Комуналец“, „Струмица гас“ и „Паркиралишта – Струмица“,  согласноста  за прием на поголем број деца  од капацитетот во клоновите на ЈОУДГ „Детска радост“, предлог – одлуката за донесување на Програма за  изградба на спортска сала  за потребите на СОУ „Сане Сандански“, предлог – одлуката за измена   на режимот на сообраќај на крстосницата на улицата „Братство Единство“ со улицата „Климент Охидски“ во Струмица и предлог – одлуката за спроведување на превентивна дезинсекција, дезинфекција и дератизација  на подрачјето на општина Струмица  за 2021 година.