Денеска се одржа завршната активност од проектот „Општински политики за зголемен опфат и инклузија во образовниот систем на децата со надмината возраст кои се надвор од училиштата во општина Струмица”, а за чија реализација општина Струмица доби грант од Детската фондација Песталоци. Како резултат на целокупниот овој проект, од кој произлегоа Општинските политики за поддршка на оваа категорија деца, дваесеттина од нив веќе се вклучени во редовниот воспитно-образовен процес, а пред тоа или не биле воопшто вклучени во редовната настава или го напуштиле училиштето.
На завршниот настан на кој децата во дворот на Домот на АРМ цртаа на тема „Јас имам сон“, а кој се реализираше во соработка со Домот за деца и млади и Библиотеката, присуствуваше и градоначалникот Костадин Костадинов.Поаѓајќи од премисата дека децата се нашето најголемо богатство, сакам да истакнам дека и покрај завршувањето на овој проект, општина Струмица ќе продолжи со своите активности за максимална поддршка, како за овие деца, така и за сите останати ученици во општината, рече градоначалникот Костадинов.