Советот на општина Струмица денеска одржа вонредна седница на којашто советниците едногласно донесоа Одлука за престанок на трајно и давање на времено користење на објект – Училишна спортска сала на ООУ „Никола Вапцаров“, за регионален пункт за вакцинација против „Ковид-19“ во Струмица.
Поздравувајќи ја Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за отворање на ваков пункт, претседателот на Советот на Општина Струмица, Марјан Даскаловски потенцираше дека отворањето на пунктот за масовна вакцинација во Струмица многу ќе придонесе вакцините да бидат подостапни за граѓаните на општина Струмица и поширокиот регион.