Градоначалникот Јаневски го посети регионалниот пункт за вакцинација во Струмица

Градоначалникот Јаневски го посети регионалниот пункт за вакцинација во Струмица

Граѓаните на нашата Општина и останатите од регионот, од денеска, се вакцинираат во регионалниот пункт за вакцинација против КОВИД-19 којшто се наоѓа во спортската сала на ООУ „Никола Вапцаров“. Пункот го посети градоначалникот Коста Јаневски, кој рече дека вакцината е најсилното оружје во борбата со оваа пандемија, и апелираше за помасовно вакцинирање и враќање во нормалниот живот.

Јас сум задоволен бидејќи успеавме заедно, Здравен дом, Општа болница и општина Струмица којашто ја обезбеди целата опрема со која се создадоа сите предуслови за да може да се врши вакцинацијата, да им овозможиме на нашите граѓани повеќе да не патуваат во другите Општини за да се вакцинираат.
Тоа беше главниот мотив кој не натера да покренеме иницијатива до министерството за здравство која веднаш беше прифатена и со која дадовме уверување дека ние можеме да организираме еден ваков пункт, имаме адекватна просторија за овие норми којашто технички ја опремивме, Здравен дом заедно со Општа болница обезбеди се што е потребно од медицински аспект, како обучен персонал за вакцинација и сметам дека ова ќе тече во најдобар ред и на нашите сограѓани ќе им се олесни пристапот до вакцините, рече градоначалникот Јаневски.