Советот ја одржа 35-та седница

Советот ја одржа 35-та седница

На денешната 35-та седница на Советот на општина Струмица беа усвоени кварталниот извештај за извршување на Буџетот за четвртиот квартал од 2023 година, годишниот извештај и предлог – завршната сметка  на Буџетот на општина Струмица за 2023 година.

Вкупните приходи во Буџетот за минатата година имаат реализација од 82,65 проценти од планираните, а расходите имаат реализација од 90, 71 процент.

На седницата беа усвоени и извештаите за работа и годишните сметки на јавните претпријатија „Комуналец“, „Струмица гас“, Паркиралишта – Струмица“, „Струмица – транспорт“, „Стационар Лана“, на градинките „Виножито“ и „Детска радост“, на отворениот граѓански универзитет „Јоска Свештарот“, домот за деца и млади „Благој Мучето“ и на библиотеката „Благој Јанков Мучето“.

Беа донесени и одлуки за поставување на контејнери од 1,1 метри кубни за физички и правни лица и поставување на полуподземни контејнери од 5 метри кубни на повеќе локации во градот, како и одлука за утврдување на режим на сообраќај за туристички воз.

Меѓу усвоените се и одлуките за продолжување на работното време на угостителските објекти, определување на места за истакнување  плакати за Парламентарните и Претседателските избори 2024 година во општина Струмица, утврдување на приоритет и сопствено учество на Проект за „Санација – покривање на кров, изработка на термо фасада и доградба на отворени занимални на објект – Клон 6 на градинката  „Детска радост“ и за спроведување на превентивна дезинсекција,  дезинфекција и дератизација на подрачјето на општина Струмица  за 2024 година.