Ставена во функција нова апликација за зонско паркирање на територијата на Општина Струмица.

Ставена во функција нова апликација за зонско паркирање на територијата на Општина Струмица.
Почитувани,
Ве информираме дека е ставена во функција нова апликација за зонско паркирање на територијата на Општина Струмица.
Апликацијата важи и за зонско паркирање за градови кои се водат под бројот за праќање на СМС -144 144.
Апликацијата може да се користи како регистриран корисник и како корисник без најава.
Можностите за плаќање на зонско паркирање се: преку кредитна картичка.
Одбирање на зоната на паркирање може да се врши на следниот начин:
– Преку автоматско препознавање на зоната доколку е вклучена опцијата Location на телефонот( ќе биде достапно во скоро време)
– Со скенирање на QR кодовите поставени на информативните табли на паркинзите.
– Со избирање на зоната од мапа
– Со избирање на зоната од список на сите зони
Како регистриран корисник имате можност за преглед на сите претходни паркирања, зачувување на регистарски таблички и платежни картички, и промена на лозинка. Предноста како регистриран корисник е тоа што при отворање на апликацијата постои можност автоматски да ви бидат пополнети сите полиња, односно како регистриран корисник, доколку ви се зачувани регистарската табличка и банкарската картичка, и имате овозможено локација на телефонот, паркирањето и наплатата се извршуваат брзо и поедноставено. Отсега плаќањето е достапно и за странски државјани кои ја немаа опцијата за плаќање преку СМС порака.
Апликацијата Parking.mk е достапна на:
👉 За корисници на Android
👉 За корисници на Apple